Во Израел почна производство на вештачки „одгледано“ месо

Израелскиот стартап Future Meat Technologies почна со производство на вештачки одгледано месо. Фабриката за производство на вештачки одгледано месо на индустриско ниво почна во Израел, а дневно може да произведе 5.000 хамбургери.

Месото од животни е дел од човечката исхрана од праисториско време, а 80% од населливото земјиште и 30% од ресурсите на вода се користат за одгледување на животни за месо. Производството на месо на овој начин не е ефикасно затоа што бројот на жители се зголемува и станува неоджрливо да се одгледуваат животни.

Напредокот на науката сега овозможува одгледување на месо во биореактори, а тоа месо има вкус на животинското иако во неговото производство се користи многу мал дел од ресурсите потребни за сточарството.

Компанијата Future Meat Technologies е еден од многуте стартапи кои користат биореактори за одгледување на месо наменето за консумација. Новата фабрика може секојдневно да произведе 500 кг месо, што е доволно за околу 5.000 хамбурдери. Оваа компанија може да произведе и пилешко месо, а наскоро ќе почне производството на јагнешко и говедско месо. Од компанијата тврдат дека нивниот производен циклус е најмалку 20 пати побрз од традиционалната агрикултура.

Future Meat Technologies користи животински клетки кои постојано растат, а се користат специјални методи за одгледување без потреба од каков било материјал од животинско потекло. Исто така, се користи и уникатен процес на подмладување со кој се отстранува клеточниот отпад со користење на 50% помалку медиуми и мешање во растот на клетките. Ова го зголеми капацитетот за производство за 10 пати во однос на моменталниот индустриски стандард, а истовремено се намалени и трошоците за производство.

Од компанијата тврдат дека нејзините методи користат 99% помалку земјиште и 96% помалку вода, а емисијата на стакленички гасови е помала за 80% во однос на животинската агрикултура.

(Klix.ba)

(фото: Pixabay)

www.inovativnost.mk