Успешна крводарителска акција реализирана во охридската Гимназија

На денешната крводарителска акција што во организација на Црвен крст Охрид и Службата за трансфузија-Охрид, се реализира во просториите на ОСУ Св.Климент Охридски-Гимназија, во периодот од 9-13 ч., 27 хумани луѓе, крводарители даруваа крв за потребите на пациентите во здравствените установи во Охрид.

 Од Црвен крст Охрид изразуваат благодарност до крводарителите и екипите кои ја реализираа  крводарителската акција.