Од кујната на Виолета - кокос пудинг коцки

Лесен и освежителен десерт ни нуди нашата Виолета овој четврток. Кокос пудинг коцки се вкусни и лесни коцки кои брзо се приготвуваат, а во вкусот долго се ужива. 

За подготовка на овој десерт потрбно е: 

5 белки
100 гр шеќер

Се матат убаво се додека не се добие бела густа пена, се исклучува миксерот и со шпатула се мешаат:

100 гр брашно
125 гр кокос
1 прашок за пециво

Се печи во калап 24х24,15тина минути на 200°С.

Тестото се попарува со: 

200 мл млеко
2 лажици шеќер
1 кесичка ванилин шеќер

Врз тестото се става  жежок фил од:

500 мл млеко
1 пудинг од ванила
2 лажици брашно
8 лажици шеќер
5 жолчки

Се вари како пудинг и додека е жежок му се додава 200 гр маргарин, се промешува да се соедини.

Се става во ладилник да се излади..

Се мати 200 мл слатка павлака и се премачкува врз филот. Се наросува кокос. Се сечи ладно.

На здравје!