Пронајден начин да се генерира енергија од лебдечки честички

 Инженери од МИТ открија нов начин за генерирање електрицитет со користење на мали карбонски честички кои создаваат струјно коло со едноставна интеракција со течноста која ги опкружува.

Течноста, која е органски раствор, ги привлекува електроните од честичките и генерира струјно коло кое може да се користи за напојување на хемиски реакции или за напојување на микро или нанороботи, велат истражувачите.

Овој механизам е нов и овој начин за генерирање енергија е сосема нов. Оваа технологија интригира затоа што се што треба да направите е да пуштите раствор низ слој такви честички. Тоа ви овозможува да направија електрохемија без да користите жици“ вели Мајкл Страно, професор по хемиски инженеринг на МИТ.

Во новата студија се објаснува овој феномен, а истражувачите докажаа дека истото струјно коло создадено на овој начин може да поттикне реакција позната како оксидација на алкохол, односно органска хемиска реакција која е битна за хемиската индустрија.

Струно е главен автор на студијата, која е објавена во Nature Communications. Другите двајца главни автори се Тианџианг Лиу и Јуичиро Кунаи. Тие успеале да генерираат околу 0,7 волти електрицитет по честичка.

(World Economic Forum)

(фото: Wikimedia)

www.inovativnost.mk