Кинески астронаути во јуни тргнуваат на тримесечна мисија во вселената

Тричлен екипаж од кинеската вселенска програма во јуни ќе ја почне својата тримесечна мисија во вселената, соопштија кинеските власти.

Најновата капсула ќе биде лансирана на вселенската станица Tianhe (Небесна хармонија) наредниот месец од западна Кина.

Не се познати имињата на астронаутите и точниот датум на лансирањето, но се знае дека во новоизбраниот тим нема жена.

Кинезите до крајот на месецот планираат вкупно 11 лансирања. Кина не учествува во Меѓународната вселенска станица поради спор со САД. Од 2003 година наваму Пекинг во вселената има испратени 11 астронаути вклучувајќи две жени, а сите беа припадници на Комунистичката партија на Кина.

(N1)

(фото: YouTube screenshot)

 
www.inovativnost.mk