Научници ја открија причината за згрутчувањето на крвта од вакцините против КОВИД-19

Германски научници објавија дека веројатно ја пронашле причината за ретките, но сериозни згрутчувања на крвта од вакцините на AstraZenecа и Johnson & Johnson.

 Научниците во студијата, која уште не е прегледана од експерти, велат дека вакцините против КОВИД-19 кои користат аденовирусни вектори испраќаат т.н. шилести протеини во клеточните јадра, каде што може погрешно да се интерпретираат некои од наредбите за создавање протеини на корона вирусот.

Добиените протеини може да предизвикаат крвни грутки кај мал број пациенти, сугерираат германските научници. Научниците од Универзитетот Гете во Франкфурт и на други места објаснија во својата работа дека вакцините кои користат друга технологија, позната како „гласничка РНК“, како вакцината на BioNTech и Pfizer, како и на Moderna, доставуваат генетски материјал од шилестиот протеин само во клеточната течност, а не во јадрото.Сите вакцини кои се на таа база треба да претставуваат безбедни производи, наведуваат во студијата.

Сугерираат и дека производителите кои користат аденовирусни вектори може да го изменат шилестиот протеин за да се избегнат несакани реакции и да се зголеми безбедноста на тие фармацевтски производи.

AstraZeneca одбива да го коментира германското истражување.

(Zimo)

(фото: Flickr)

www.inovartivnost.mk