Оваа среда девет нови наслови во НУ Библиотека "Григор Прличев"

 Оваа среда прегледот од нови книги го започнуваме со избраните романи на Јован Дамјановски  „Глобалните ѕвезди на небото“ во издание на МИ-АН . Од издавачот Табахон ви ја нудиме за читање книгата „Петнаесет кучиња“ од Андре Алексис.

Денеска ви презентираме дури четири книги од македонски автори. Тоа се: „ Витезот и Византијката “ од Кица Колбе, „Шрапнел“ од Игор Анѓелков и романот „Аб’т" од Оливера Ќорвезироска,  трите  од издавачот Или – Или  и „Паралел“ од Верица Ацеска во издание на Прозарт.

Не помалку интересни се и: „Сестрата на Ниче“ од Мира Оташевиќ во издание на Бегемот, „Непобедливиот“ од Станислав Лем – Антолог и „Црноттурци – Форум на словенските култури  во издание на Слово.

Потсетуваме годишната членарина во НУ Библиотека „Григор Прличев“ за деца е 200 а за возрасни 300 денари.