Луѓето што редовно вежбаат имаат 50% повеќе антитела после вакцинирањето против корона вирусот

 Резултатите од ново истражување на Универзитетот Глазгов Каледониан покажаа дека редовната телесна активност го зајакнува имунолошкиот систем, го намалува ризикот до болести и смртни исходи од заразни болести, а значително ја зголемува и ефикасноста на вакцините.

Доколку вежбате редовно, веројатноста дека ќе имате повеќе антитела отколку некој што не е физички активен е дури 50%, тврдат британските научници.

И од порано се знаеше дека физичката активност е најефикасен начин на превенција на хронични болести, покрај здравата исхрана и одвикнувањето од пушењето. Студија од 2008 година покажа дека телесната неактивност е одговорна за над 5 милиони прерани смртни случаи секоја година.

Истражувањето на професорот Себастијан Частин, водител на новата студија, и неговите колеги од Универзитетот Глазгов Каледониан ги вклучува сите достапни докази кои посочуваат на врска меѓу телесната активност и ризикот од заболување и смртен исхор од заразни болести и ефектите врз имунолошкиот систем и резултатите од вакцинирањето. Частин вели дека студијата е спроведена многу порано, на самиот почеток на пандемијата, па не ги опфатила ситражувањата кои се однесуваат на КОВИД-19, но тврди дека добиените резултати се многу релевантни и за актуелната пандемија.

Врз база на шест посебни истражувања во кои учествувале повеќе од половина милион учесници се покажало дека 30-минутна телесна активност 5 дена во неделата го намалува ризикот од заболување и смртен исход од заразни болести за дури 37%. Тие откриле и докази според кои редовната телесна активност го зајакнува имунолошкиот систем. Преку 35 независни контролни испитувања, што е златен стандард за научни докази, се покажали дека редовната телесна активност го зголемува нивото на имуноглобулин, односно антитела.

(Zimo)

(фото: Flickr)

Извор: www.inovativnost.com