Доделени меѓународните сертификати на деветтата генерација Бреинобреин генијалци

Деветата генерација на ученици кои ја завршија комплетната Бреинобреин едукативна програма во Центарот за развивање животни вештини Бреинобреин - Црвен крст Охрид денес ги добија меѓународните сертификати за завршена БОБ програма.

 Настанот се реализира во прекрасен природен амбиент во Едукативниот тренинг центар на Црвен крст Охрид во с. Велестово и помина во дружење и спортски активности на децата и родителите. Сите деца од Црвен крст Охрид добија и Велигденски подароци, а тие својата креативност ја искористија да изразат благодарност и внимание кон својот тренер Валентина Кузманоска изработувајќи креации и цртежи.





  Бреинобреин - Црвен крст Охрид Центарот за развивање на животни вештини работи под франшизерство на Бреинобреин академијата од Ченаи, Индија од 2010 година. Во центарот се имплементира едукативна програма наменета за деца од 4-14 годишна возраст кои преку најразлични техники и вештини ги стекнуваат, развиваат и потврдуваат способностите за фотографска меморија, концентрација, нумерички и вербални способности, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми. Оваа светски призната и докажана програма ја спроведуваат високо професионални тренери со искуство во работа со деца и обучени од меѓународни инструктори.



 Бреинобреин програмата во Црвен крст Охрид во моментов ја следат преку 70 деца, а во септември започнуваат уписите на нови групи.