Од кујната на Виолета - како да вапсате разнобојни велигденски јајца

 Велики Четврток е денот кога, според традицијата, се вапсуваат велигденските јајца. 

Првото велигденско јајце се вапсува пред изгрејсонце и се  нарекува божјаче, и откако ќе се бојадиса се остава да го фатат првите сончеви зраци, а потоа  се будат децата и со него на лицето им се прави "црвено-бело-дебело".  Тоа јајце се чува цела година до наредниот Велики Четврток, и само тоа не скапува. 



Нашата драга Виолета ја негува традицијата на вапсување јајца, и утрово направи прекрасен колаж од бои и декорации. Виолета вапсуваше јајца со бакам и декупаж. 

Јајцата кои се прават со бакам треба претходно да се сварени и избришани со сува крпа. Бојата се раствора во половина филџан вода со лажица оцет и лажица масло за јадење. Се става вареното јајце во филџанот, се остава околу една минута да се обои, потоа се става во другата боја. 




Декупаж јајцата се варат, се бришат со сува крпа. Салфети со убави дезени се сечат на помали парчиња и со помош на четка и белка од јајце се лепат на јајцето.