Нови книги за нови празнични мигови во охридската Библиотека

 И оваа среда НУ Библиотека „Григор Прличев“ ви нуди 8 нови наслови кои веќе можат да се зајмат од денеска.

Предлогот на нови книги го отвораме со „Бела хроника“ од Димитар Грумар во издание на Македонска реч. Следуваат изданија на издавачката куќа Три: Приказна за трите града од Митко Маџунков и Убиството на командантот од Харуки Мураками. Од издавачката програма на Антолог оваа недела ви ја предлагаме книгата Скриени желби немирни од Владимир Јанковски  а од Или – Или „Вистинска приказна  од Лукијан од Самосата.

Книгите кои ви ги нудиме да ги прочитате: Патар од Владимир Костов и Лузна од Гомес Хуардо Хуан се во издание на Матица македонска.

Во оваа неделна понуда е и делото на проф. д-р Ѓорѓи Спасов Раѓањето на мултипартизмот во издание на Слово.

Ве потсетуваме дека Библиотеката со читатели работи секој ден од 8 и 30 до 18 и 30 а годишната членарина за возрасни е 300 а за ученици 200 денари.