Почнува туристичка кампања „Безбедно како дома“ во шест држави

 Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот почнува медиумска кампања во шест држави со цел да ја подигне свеста кај туристите за безбедно патување и промоција на туристичките потенцијали во земјава.

Кампањата „Безбедно како дома“ ќе биде промовирана во Србија, Албанија, Косово, Бугарија, Полска и Турција.

– "Безбедно како дома" (Safe like home) е слоганот со којшто се комуницира успешното имплементирање на протоколите за безбедност и превенција од коронавирусот и знаејќи дека најголемиот мотив во 2021 година за патување ќе биде сигурноста на дестинацијата, со воведување на безбедносниот печат и почитување на сите протоколи, РС Македонија влегува во друштвото на сигурни дестинации за лето 2021 година, се наведува во соопштението од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

Кампањата е започната во онлајн медиуми, кои според истражувањата, би требало да дадат најголем ефект во туристичкото промовирање на земјава, а промоцијата ќе биде надополнета и со 360 виртуелни тури кои треба да се финализираат кон крајот на годинава, а со кои ќе се прикажат голем број на атракции и локации.

Од АППТ очекуваат годинава зголемен број на странски туристи со доминација на регионалните туристи и поминување на бројката од два милиони ноќевања.

 

Извор: www.inovativnost.mk