Ќе се реконструира дел од улицата "Богомилска"

 Започнаа подготовките за реконструкција на дел од  улицата "Богомилска". 

Како што информира градоначалникот на општина Охрид, Константин Георгиески, оваа улица беше во навистина лоша состојба поради изградба на неколку стамбени објекти. Градежните активности ќе се одвиваат на потегот од јавната чешма кај стамбените згради до крстосницата со "Булевар Туристичка".

 

 Градежните активности ќе ги изведува АД „Илинден“ од Струга .

Се молат сите учесници во сообраќајот  и станарите да ги отстранат паркираните возила и да ја зголемат внимателноста  заради безбедно одвивање на сообраќајот и непречено одвивање на активностите.


Во следниот период покрај оваа улица, планирано е да се реновираат и улиците "Славеј Планина" и "Спас Банџов" каде претходно беше поставена нова водоводна линија.