Нови книги - нови приказни во НУ Библиотека "Григор Прличев"

Од денеска во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид можете да зајмите уште девет нови наслови.

Во издание на НАМАПРЕС излезе книгата „Домот и светот“ од познатиот индиски поет Рабиндранат Тагоре , а ARS studio ги  отпечати „Американски шпион“ од Лоренс Вилкинсон и „Бескрајно лето’ од Едуардо  Нези.

Можете да ги зајмите и „Ши“ од Сашо Кокаланов од Или – Или и „Божји град“ од Пауло Линс во издание на Бата Прес.

Од издавачите Сакам книги и Македонска реч се насловите: „Плачот на срната“ од Слаѓан Славенски и „Терика“ од Стојмир Симјаноски.

Од продукцијата на Антолог во неделниот избор е  „Едем“ од Станислав Лем  и  приватното издание „Социологика“ од Али Пајазити. 

Годишната членарина во НУ Библиотека за деца е 200 а за возрасни 300 денари.

Одделот за издавање во библиотеката работи од понеделник до петок од 8 и 30 до 18 и 30 со пазуа од половина час за дезинфекција од 13 часот.