Од кујната на Виолета - посни кроасани со џем од јагоди

Овој четврток нашата драга Виолета ни подготви вкусни кроасани со џем од јагоди. 

За подготовка на овој рецепт потребно е: 

250 мл млака вода
30 гр свеж квасец
Прстофат сол
Лажица шеќер
100 мл масло
450-500 гр брашно

Се меси убаво меко тесто,се остава да одмори 15 мин.

Потоа тестото се дели на два дела, секој дел се дели на 6 топчиња, од секое топче се сука кора колку тањир и се премачкува со маргарин . Се става во замрзнувач околу 30 мин.

Се отвора голема кора и се сечи на 8 делови, се става по една лажица од џемот и се обликува кифла. Од ова тесто се прават 16 големи кроасани.

Се оставаат да киснат 40 мин , се премачкуваат со стопен маргарин и се ставаат да се печат 20 мин на 200°С.
После печење се наросува шеќер во прав.