СЗО не препорачува комбинирање на вакцини!

 Светската здравствена организација (СЗО) во петокот повтори дека поради недостиг на соодветни податоци не може да даде препорака во врска со комбинацијата на различни вакцини против Kовид-19, како што ќе стори Франција при повторна вакцинација на лица под 55 години кои добиле прва доза вакцинa нa „Астразенека“.

„Нема соодветни податоци за да се каже дали тоа може да се направи и затоа експертите на СЗО заклучија дека комбинирање на вакцини во овој момент не може да се препорача“, рече портпаролката на СЗО, Маргарет Харис на редовниот брифинг во Женева.

Таа потсети дека овој став беше усвоен од Стратешката советодавната група на експерти за имунизација (САГЕ) во февруари при објавување препораки за вакцината на „Астразенека“ и пред информации за можната врска помеѓу вакцината и многу ретки несакани ефекти. Таа исто така истакна дека овие научници тогаш повикале на истражување на можноста за комбинирање на вакцините против Ковид-19.

Француските власти донесоа одлука луѓето под 55 години кои ја примиле првата доза од вакцината на „Астразенека“ да бидат довакцинирани со вакцините на „Фајзер“ или на „Модерна“ кои се засноваат на mRNK.

Фото – businessworld.in

www.inovativnost.mk