Интензивни градежни активности на улицата "15-ти Корпус"

 Синоќа се одвиваше интензивна градежна динамика на улицата „15-ти Корпус“ на потегот пред влезот во селото Лескоец.

 Поради големата фреквенција на сообраќај, стручните екипи работеа и во текот на вечерните часови.

Градоначалникот на Охрид, Констанстин Георгиески, на својот фејсбук профил информираше дека се вршеше машинско гребење на стариот асфалтен слој и тампонирање, како дел од подготвителните активности пред асфалтирањето на коловозот, кое ќе се одвива во наредниот период.



Претходно се вршеше асфалтирање и уредување на тротоарите, се постави нова атмосферска канализација и се работеше на нови приклучоци на водоводната линија.

Работните активности на овoј капитален инфраструктурен проект се очекува да бидат финализирани во втората половина од месец мај.






Извор: фејсбук страна на Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески