Вевчански извори - парче рај на Земјата (фото)

 Кога ќе се спомене Вевчани, веднаш асоцира на Вевчански карневал, Вевчански извори, автентична инфраструктура, убава природа.

А кога ќе се споменат Вевчанските извори, веднаш се добива чувство на свежина, на чист воздух, убавина, спокој и одмор за душата. 



 Преку нашите фотографии ви нудиме можност да отпатувате до ова парче рај на Земјата, кое плени со својата убавина, особено во пролетните денови кога водата силно жубори, пени и создава звук во кој ќе сакате да уживате и да ги одморите своите сетила. 



 Вевчанските извори се споменик на природата. Тие се заштитено еколошко подрачје, катче за одмор и рекреација. Изворите се состојат од 7 помали извори кои се соединуваат во текот на реката Матица. Реката е долга 6км и под с Велешта се влева во Црн Дрим. Изворите изобилуваат со вода во пролетниот период. Од памтивек во изворите се фрлал крстот за Водици, и откако ќе се слушнеле истрелите од пиштолите дека водата е крстена, жителите на соседните села Октиси и Велешта, полнеле од неа за здравје.




Подготви: Л.Н.