Уметнички дела во мали простори

Малиот простор не е пречка уметничките дела во него да создадат уникатен и попријатен амбиент за домување. Еве неколку совети како тоа соодветно да се направи:

Сликa со интензивни бои или пак несекојдневна скулптура создава одличен контраст кога во просторот има минималистички мебел и еднобојни ѕидови во светли бои.

Во мали простории може и на само еден ѕид да се стават уметнички фотографии и слики. Притоа, истите треба да бидат со помали формати и дискретни рамки, за да се избегне пренатрупаност на ѕидот. Со поставување на елементите во вертикала се добива илузија на повисок простор.

Уметничкото дело треба со пропорциите да биде во склад со димензиите на просторот. Тоа не треба да сокрива други предмети или парчиња мебел.

Сликите и другите уметнички, поради ограниченоста во простор, може да се постават и на полица или на подот на просторијата.




 



 


 

 
Извор: www.sezadomot.com.mk