Тестирање откри ново оружје во борбата со корона вирусот – клима уредите

 Најново истражување покажа дека технологијата HI-NANO, која ја користи компанијата Hisense во неколку серии од своите клима-уреди, е исклучително ефикасна во отстранувањето на корона вирусот од воздухот во просториите.

 Тајната е во генераторот на јони, кој создава висока концентрација на двојно наелектризирани јони или 1 милион на кубен сантиметар. Во такви услови, покажа истражувањето, бактериите и вирусите ја губат својата активност откако ќе ги апсорбираат јоните, што доведува до инхибиторски ефект.

Уште едно истражување на технологијата, кое го спроведе истражувачката групацја SGS, покажа дека HI-NANO технологијата ефективно отстранува дури 99,37% од вирусите на групот H1N1 за само 2,5 часа во просторија со површина од 30 квадратни метри.

Инаку, претходни истражувања покажаа дека можно е прочистувањето на воздухот да го намали присуството на корона вирусот во воздухот и така истовремено да се намали и можноста за зараза. Но, исто така, истражувањата покажаа дека користењето само вентилација за кружење на воздухот во просторијата може да биде одговорно за ширењето на корона вирусот во просторијата и меѓу луѓето кои се во неа.

(Dnevnik.hr)

(фото: Hisense)

www.inovativnost.mk