Од охридско-струшките убавини: Црква Св. Недела, село Драслајца (фото)

 Од охридско-струшките убавини, денес виртуелно ќе ве прошетаме до струшкото село Драслајца и црквата Св. Недела.
 
Драслајца е село во Општина Струга, кое се наоѓа  во средишниот дел на Струшко Поле. Во селото има една главна селска црква, посветена на Успение на Пресвета Богородица, и една манастирска црква посветена на Света Недела.



 Црквата Св. Недела се наоѓа на крајот од селото, на излезот кон село Биџево, во близина на последните селски куќи, и е на десната страна од патот. Во внатрешноста на црквата има извор со вода, што ја прави една од ретките цркви со базен. Водата од изворот верниците ја користат како света вода.





Во 1992 година, во месец мај, бил поставен камен-темелник за црквата, од страна на митрополитот Тимотеј, а истата митрополитот ја осветил во месец јули 2011 година.
 


 Црквата е во целост фрескоживописана и во неа има поставен резбан иконостас на кој има 4 престолни икони и 13 помали поставени во вториот хоризонтален ред.



Подготви: Л.Н.