Експеримент за ширење на корона вирусот: Се одржа концерт со 5.000 луѓе во Барселона!

Шпанските власти одлучија да дозволат присуство на 5.000 луѓе на рок концерт во Барселона, со нивно брзо тестирање за коронавирус истиот ден.

Во Барселона во саботата вечерта за првпат од почетокот на пандемијата се одржа концерт пред публика од 5.000 луѓе, на кој истовремено беше тестирано спроведувањето на заштитните мерки од епидемијата на коронавирус.

Шпанија започна со овој експеримент за да ја испита ефективноста на тој модел во спречување на ширење на пандемијата на големи културни настани. Публиката можеше да се движи и да комуницира целосно слободно на концертот, но носењето маска е задолжително.

Концертот на алтернативниот бенд „Love of Lesbians“ се одржа во салата Палау де Сант Џорди, кој вообичаено прима до 24 000 гледачи.

Настанот беше организиран за да се тестира дали ваквите концерти, со строги епидемиски мерки, можат да бидат безбедни и покрај пандемијата на коронавируси.

 

www.inovativnost.mk