Се асфалтираат улици во село Лескоец (фото)

Граоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, на својот фејсбук профил информираше дека денес започна асфалтирањето на собирната улица во Кураичка маала во селото Лескоец.

- Во ова маало повеќе од 30 години во супстандардни услови живееја 250 жители. Општина Охрид минатата  година овде постави и канализациона мрежа, а од наредната недела ќе се продолжи со асфалтирање и на други улици во Лескоец. Задоволството на граѓаните за продолжување на работните активности во селото беа нескриени, и нивната поддршка искрено ни значи, напиша во својата објава Георгиески. Тоа, како што истакна, е и мотив Општина Охрид да продолжи да работи на подобрување на условите за сите граѓани во општината.