Лансиран сателит кој ќе го отстрани вселенскиот отпад

 Долгорочниот проблем со вселенскиот отпад полека почнува да се решава благодарение на јапонската компанија „Астроскејл“.

Компанијата отпочна со специјална тест мисија, во чии рамки лансирани се два сателити кои ќе го отстранат вселенскиот отпад што орбитира околу нашата планета, пренесува „Euronews“.

Технологијата е наречена „Елса-Д“, а ракетата која ги носи сателитите беше лансирана на 22 март од космодромот „Баикохур“ во Казахстан.

Експертите веќе долго време предупредуваат дека во вселената моментално има 9.200 тони вселенски отпад кој орбитира околу планетата и претставува опасност за сателитите кои ни ја испраќаат метеоролошката прогноза, но и за воздушниот сообраќај и глобалната комуникација.

Проблемот со вселенскиот отпад може да стане посериозен во време кога приватните компании како „СпејсЕкс“, „Гугл“ и „УанВеб“ се подготвуваат да лансираат јато сателити во вселената.

Мисијата лансира две вселенски возила во орбитата, еден сателит кој ќе го собира отпадот и втор сателит кој ќе ја има улогата на вселенски отпад.

Сателитот кој ќе го собира отпадот ќе користи безбедна технологија и магнетски механизам.

За време на летото „Елса-Д“ ќе исполни серија демонстрации, покажувајќи како ќе ги пронаоѓа и чисти дисфункционалните сателити и преостанатиот вселенски отпад.

Извор – Радио МОФ

www.inovativnost.mk