Почина Зафир Хаџиманов - ја изгуби битката со Ковид-19

Како последица на компликации од корона вирусот, на 77 годишна возраст во Белград почина легендарниот уметник Зафир Хаџиманов. 
 

Тој беше оженет со пејачката и актерка Сенка Велетанлиќ, со која го има синот Васил Хаџиманов, познат џез музичар.

Хаџиманов е роден во 1943 година во Кавадарци, Македонија. Средно училиште и музичко училиште завршил во Скопје, каде започнал да игра музика и театар. Во 1967 година дипломирал глума на ФДУ во Белград. Паралелно со студиите, тој настапи како пејач на поп музика и ги сними своите први два плочи, на кои е автор и на текстовите.

 Зад себе Хаџиманов оставил 5 000 записи од изворни песни. Речиси целиот живот го минува во Белград. Ги испеа незаборавните: "Како Вардар", "Љуби ме и главата горе", "Од љубов не се бега".

 Во 2007 година беше промовиран за почесен амбасадор на културата на Македонија во Србија. Глумел во неколку филмови меѓу кои и "Македонска крвава свадба". Учествувал на многу фестивали во поранешна Југославија.