Ваши реакции: Каде се вработените од градски паркинзи?

 До нашата редакција пристигнаа реакции на граѓани, кои се однесуваат на градските паркинзи во Охрид. 

Имено, граѓаните се жалат на отсуството на вработените лица на паркинзите од нивните работни места, што подоцна резултира со неоправдани казни и повисоки сметки кои граѓаните ги наоѓаат на своите автомобили, повторно во неможност да искомуницираат со вработеното лице од паркинзите. Велат, најчесто, многумина од вработените, дел од своето работно  време минуваат во околните казина.