Фото на насловна - Охрид во 50-те години од минатиот век

 Време е за нова насловна фотографија на нашата страна. Повторно тоа ќе биде еден мал дел од убавото минато на Охрид.

Деновиве наш избор е фотографијата со приказ на охридска куќа од педесеттите години на минатиот век, куќа која се наоѓа на улицата "Боро Шаин". Фотографијата е позајмена од фејсбук групата "Охрид, слики од минатото" каде ја постираше Љупчо Маркоски.