Нова среда, нови наслови во НУ Библиотека "Григор Прличев"

Оваа среда се определивме да ви презентираме три наслови за деца и уште пет наслови наменети за возрасни.

Нашиот библиотечна понуда од денеска е збогатен со следниве наслови за деца: „Како да ги дресираме мама и тато“ во издание на Магор  од авторот Владимир Петрушевски – Фили, делото „Најмалиот слон на светот“ од Маќеј Шиманович, издание Бегемот, и „Џорџ и сината месечина“ од Луси и Стивен Хокинг во издание на Полица.

На одделот за зајмување можете да ги побарате и следниве наслови: „Вилино“ од Винка Саздова и „Цариградски емигрант“ од Луан Старова , обете  во издание на Три,   „Мирисот на парите“ од Смилјана Вукиќевиќ, издавач е Нова, „Собобир“ од Жан Мола во издание на Детска радост, како и “Исчезнатата” од Тед Геритсен.

Пултот за зајмување работи под понеделник до петок од 8 и 30 до 18 и 30 а зачленувањето за возрасни е 300 а за деца 200 денари годишно.