Оваа среда, НУ Библиотека „Григор Прличев“ со понуда од 10 нови изданија

Од агилниот издавач МИ –АН од денеска можете да ги зајмите четирите книги од македонскиот автор Јован Дамјановски: Вештачки сон, Мирисот на лагата, Здивот на тишината , Благослов или проклетство.

Побарајте ги следните наслови: Куќата на гласовите од Донато Каризи во издание на Матица, Блесокот и падот на другарот Зиљо од Дритеро Аголи, издание на Блесок, Верити од Колин Хувер-Сакам книги, Вистински приказни за исчезнувањето на приказните од Билјана Станковска – Феникс, Тереза Ракен од Емил Зола во издание на Феникс и илустрираната книга Инсекти и пајаци од Ј. Страдлинг од Просветно дело.

Библиотеката со читатели работи од понеделник до петок во терминот од 8 и 30 до 18 и 30 со ковид пауза од 13 до 13 и 30 часот.

Годишната членарина за деца е 200 а за возрасни 300 денари.

Останатите поволности, права  и услови за зајмување на новите читатели ќе им бидат предочени при самото зачленување во Библиотеката.