Ова е првиот велосипед во светот кој се склопува целиот – дури и тркалата

 Се повеќе луѓе во урбаните средини ги бараат своите стари велосипеди за своите обврски по град затоа што тие се еколошки и промовираат здрав животен стил. Сепак, конвенционалните велосипеди не одговараат на урбаниот живот денес, каде што многу луѓе мора да користат и воз или автобус на дел од патот. 
 

 Има многу велосипеди кои се склопуваат, но ниту еден не е како Tuck Bike. За разлика од ривалите, Tuck Bike има и рамка и тркала кои се склопуваат. Токму затоа може да се намали до големина која ја собира во вашата чанта и можете да го носите со себе каде и да одите.


Според производителите, велосипедот тежи 14 кг, а може да се склопи до димензии 61 X 83 X 37cm. Дури кога ќе се склопи, Tuck Bike лесно може да се носи дури и во метро или друг градски превоз, а го собира и во биро или во багажникот од автомобилот.

Склопувањето и расклопувањето на Tuck Bike не е скложено и производителите уверуваат дека не трае подолго од 2 минути. Tuck Bike се уште е во фаза на прототип. Ако сте заинтересирани за повеќе информации за велосипедот, можете да се регистрирате за известувања на нивната официјална страница. Како што пишува New Atlas, малопродажната цена на велосипедот треба да биде од 1.600 до 2.500 долари.

(Startup Selfie)

(фото: Tuck Bike screenshot)

www.inovativnost.mk