Внесете карирани елементи во вашиот дом

 Карираниот мотив е ретро елемент кој носи асоцијација на традиционални и рустикални простори, но и денес е во тренд и е дел од модерните ентериери. Најчесто го препознаваме кај прекривките на масите и ќебињата, но одличен ефект создава и кога правилно се применува на други елементи во уредувањето.

Карираниот мотив во просторот внесува топлина и шарм, и го прави амбиентот поинтересен и подинамичен. Може да биде успешно применет како изведба од само две бои, па сè до неколку бои.

Доколку не сакате да направите драстични промени во изгледот на просторот, може да биде применет со набавка на карирани парчиња мебел, перничиња, осветлување, во одредени детали итн.


 


 


 


 


 
 
 


 


 
 
Извор: www.sezadomot.com.mk