Јапонски милијардер дели билети за пат околу Месечината

 Јапонски милијардер дели осум билети за туристичко патување околу Месечината кое е најавено за 2023 година.

 Јусаку Маезава, могул на интернет модата, колекционер на современа уметност и мецена, прв резервираше билет за летање со бродот Starship кој го прави компанијата на најбогатиот човек во светот, Илон Маск.

Маезава прво планираше да најде девојка за својот лет околу Месечината, а понудата важеше за немажени жени постари од 20 години. За патувањето околу Земјиниот сателит се пријавија 30.000 кандидатки.

Јапонскиот екцентричен милијардер потоа ги смени плановите и повика на пат шест до осум уметници. Во последното видео кое го објави на Twitter, Маезава конечно одлучи за патување во вселената може да конкурира секој кој се занимава со нешто креативно и секој што може да се нарече уметник.

Ве повикувам да ми се придружите во мисијата. Вие осуммина од целиот свет. Ги купив сите билети, така што тоа ќе биде приватно патување“ порача Јусаку Маезава.

Околу 10 до 12 луѓе треба да учествуваат во експедицијата која ќе кружи околу Месечината. Пријавувањето за идните астронаути важи до 14 март.

(Bizlife)

 
www.inovativnost.mk