Непечена бомба торта - рецепт на Виолета Јанеска

 Во денешната кујна, нашата соработничка Виолета Јанеска ни подготви уште еден интересен десерт, кој не одзема многу време, не чини многу пари, а е интересен за подготовка. 

Еве што е потребно за една непечна бомба торта: 

700мл слатка павлака
2 желатини
1 филџан вода
200гр наполитанки
200гр бисквити (во овој случај се чоколадни)
1 шлаг пена
120мл млеко

Наполитанките и бисквитите се мелат и се ставаат во два различни садови.

Двата желатини се раствораат во  филџан вода.

Слатката павлака се мати со миксер до згуснување и му се додава растворениот желатин и уште малку се матат да се соедини смесата.

Изматената слатка павлака се дели на 3 идентични дела.

Првиот дел останува празен,во вториот се ставаат наполитанките и во третиот мелените бисквити.

Пластична вангла или сад со заоблено дно се обложува со стреч фолија и најпрво се става од белиот дел, се израмнува, се додава делот со наполитанки, се израмнува и на крај се става делот со бисквити...Се става во замрзнувач еден час.

После еден час стврднатата торта се превртува на соодветен сад,се вади фолијата и се премачкува со изматениот шлаг. Декорацијата е по ваша желба.


 

Поврзани блог статии