Од охридско-струшките убавини: Црн Дрим

Често пати се обидуваме да ве доближиме до сите природни убавини на нашиот регион, кои ги знаеме, но не сите од нас доволно ги познаваат. Со малку детаљи, и малку фотографии, ваквиот тип наши статии се надеваме ќе го привлечат вашето внимание и задоволство. 

Денешнава кратка разгледница ја посветуваме на реката Црн Дрим. 



 Реката Црн Дрим извира кај Св. Наум, минува низ Охридското Езеро и излегува од него кај градот Струга, а ја напушта Македонија кај градот Дебар. На македонска територија долга е 56 километри.


 На реката се изградени брани за производство на електрична енергија за хидроцентралите Глобочица и Шпиље. Во водите на Црн Дрим може да се сретнат разни видови риби како: крап, клен, мрена, јагула и други. Таа е некогашниот природен пат на јагулата од Охридско езеро кога одела на мрестење во Саргасово море.



 Реката со својата клисура и двете вештачки езера станува интересно место како за спортските риболовци, така и за рекреативци љубители на убавата природа.

Ако сте во авион над Охридско Езеро, и доколку езерото  е мирно, може да го забележите текот на реката Црн Дрим.


Од 2013 година 6 мај се одбележува како „Ден на реката Црн Дрим“ чија цел е подигање на јавната свест за заштита на сливот на реката Дрим.


Подготви: Л.Н.