Заштитни брани со мрежа на реките од сливното подрачје на Охридското Езеро

 Општина Охрид започна со поставување на заштитни брани со мрежа на реките од сливното подрачје на Охридското Езеро.

 Целта на овие метални механизми е да се заштити животната средина и да се спречи влевањето на најразлични видови на цврст отпад во езерските води. Ваква брана денеска беше поставена на реката Сушица, а во текот на наредниот период вакви заштитни мрежи ќе бидат поставени и на останатите речни корита.

Работните активности за поставување на браните ги изведуваат екипи на ЈП “Градски гробишта”, а средствата се обезбедени од општинскиот буџет.



Извор: www.ohrid.gov.mk