Започна реставрацијата и ревитализацијата на црковниот храм "Св. Петка" во Велгошти

 Започна реставрацијата и ревитализацијата на црковниот храм посветен на Св. преп. мач. Параскева-Петка во Велгошти. 

"Света Петка" е едно од најпосетуваните места во охридско Велгошти, каде луѓето го наоѓаат својот душевен мир, и од памтивек се грижат за одржувањето на овој храм. Сега, кога  е време за реставрација и ревитализација за да се зачува убавината и моќта на ова свето место, Црковното настојателство при Велгошката парохија информира за активностите, но и  за финансиската слабост со која располага, за да се оствари до крај споменатиот проект. За таа цел, упатија апел кон сите добронамерни луѓе, поединци, но и компании, фирми и други институции кои се во можност финансиски да го помогнат реставрирањето и ревитализацијата на црквата. 



 -Во ова време, кога сме соочени со тековните неприлики и последиците од истите, Со Божја помош и по застапништвото на Св. преп. мач. Параскева-Петка, започнуваме со целосна реставрација и ревитализација на црковниот храм во истоимениот манастир во с.Велгошти. Поради таа причина, Ве замолуваме, доколку сте во можност, кој колку може, финансиски да го поткрепи ова Богоугодно дело. За таа цел ви ја доставуваме следната сметка на која може да ги уплатите Вашите доброволни прилози:530-0003022803-06 Охридска Банка АД филијала Охрид. апелираат од  Црковното настојателство при Велгошката парохија.

 За градбата на манастирот Света петка има легенда во која се вели дека Велгоштани почнале да и градат црква во знак на благодарност кон светицата за добрите дела. Градбата почнала во близина на селото. Изграденото ноќта Света Петка го разурнала . Тоа се повторило и вториот ден ,па мајсторите третиот ден поставиле стража. На мајсторите им рекла дека ја урива градбата зошто тука не сака да и градат црква туку на местото каде што сега се наоѓа.