Во секој дом од исклучителна важност е максимално да се искористи просторот при неговото уредување, а при тоа, домот да биде катче кое ќе одговара на потребите на целото семејство.
Neulant van Exel е творецот на Living Cube, ентериер во Берлин кој се протега на два ката, со што се создава можност за оформување на сите простории потребни за домување на семејство со деца.
На кат е поставена спалната соба, како и отворена кујна и трпезарија која гледа на дневната соба под неа.
Црната боја доминира во мебелот (медијапан), скалите и елементите на кујната и создава убав контраст со белиот таван и светлиот дрвен под.
Во просторот е присутно големо количество дневна светлина преку големите прозорци и систем на завеси кој ја нуди потребната приватност.
Извор: www.sezadomot.com.mk