И оваа среда нови наслови во охридската Библиотека

 Фондот на НУ Библиотека "Григор Прличев" е збогатен за осум нови книги од следните издавачи: Култура, Сакам книги и Просветно дело.

    

Од областа на белетристиката на пултот за зајмување можете да ги побарате следните наслови: Ќерката на мојата најдобра пријателка од Дороти Кумсон, Невидлива убавина – Ејми Хармон.
 

   

Без каење од Колин Хувер, Тајни на летната ноќ од Лиса Клејпас, Песната на речните птици од Лиса Вингејт.
 

Денеска ви предлагаме и три илустрирани и едукативни  изданија подеднакво интересни за децата, учениците и возрасните. Тоа се: Мојот прв англиски јазик, Откриј го Египет и Поглед одблиску, Инсекти и пајаци.
 

          

Одделот за зајмување во библиотеката работи од понеделник до петок од 8 и 30 до 18 и 30 часот со пауза за дезинфекција од 13 до 13 и 30 часот. Годишната членарина за деца и ученици е 200 а за возрасни 300 денари.