21 Февруари - Меѓународен ден на мајчиниот јазик

 Денес светот го одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, прогласен на 30 седница на Генералната конференција на УНЕСКО во 1999 година.

 21 февруари е денот на кој се одржани драматичните протести за бенгалскиот јазик. Во 2000 година овој датум е промовиран како Ден на лингвистичка и културна разновидност и повеќејазчност.

Според статистичките податоци, во последните три века има изумирање или драматично намалување на јазиците, особено на американскиот и австралискиот континент. Во светот денес се зборуваат околу 6.500 јазици, а на околу половина им се заканува исчезнување во многу делови од светот.

Покрај Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, на 26 септември се одбележува и Денот на европските јазици. Во 1998 година стапи во сила Европската повелба за заштита на регионалните и малцинските јазици со која, исто така, се потенцира лингвистичката разновидност и повеќејазичноста.