Како до повеќе светлина во домот?

Доколку одреден простор нема доволно природна светлина, за да го зголемите осветлувањето без употреба на расветни тела, следете ги следните насоки: 

Осветлувањето на собата е поголемо кога ѕидовите се во посветли бои. Доколку сте решени да употребите одредена боја, за поголемо осветлување во собата употребете нејзина посветла нијанса. Со ова просторијата исто така и визуелно ќе се зголеми.

Внесете бела боја во просторот, таа е рефлектирачка боја кој ја одбива светлината. Не е неопходно да ги обоите ѕидовите во бело за да ја внесете, тоа може да се направи преку парчиња мебел и покуќнина.

 


Внесете предмети од стакло, метал и порцелан во кои светлината се „огледува“. Рефлектирачките предмети придонесуваат за зголемување на светлината во просторот.

Избегнувајте темен мебел кој е тежок и масивен. За да се добие посветол простор темните нијанси употребувајте ги само за истакнување на детали.


Извор: sezadomot.com.mk