McDonald’s прави глобален редизајн на своите пакувања

Светскиот синџир за брза храна McDonald’s се здружи со независната креативна агенција Pearlfisher со цел редизајнирање на пакувањата на својата целосна палета на производи, пренесува порталот Маркетинг 365.

Новиот разигран графички систем на пакувањата се стреми да пренесе емоции на „радост“ и „леснотија“. Со преку 60 милиони допирни точки секој ден, пакувањето е од исклучително значење за брендови како McDonald’s, рефлектирајќи го нивниот оптимистички и ведар дух.

Секое од редизајнираните пакувања, вклучувајќи кутии, обвивки и чаши,  соодветствува на производот за кој е наменет. Па така, пакувањето за иконичниот Big Mac го рефлектира составот на бургерот. Обвивките за Egg McMuffin имаат „жолчка“ на средината од бела позадина, додека пак кутијата за Fillet-O-Fish има „океански бранови“ во два тонови на сината боја. Само препознатливото црвено пакување за помфрит остана релативно исто, со исклучок на додавањето на жолти линии на неговата внатрешна страна кои асоцираат на помфрит.

Покрај задоволувањето на естетскиот аспект, ваквиот редизајн нуди и поголема функционалност, овозможувајќи им на потрошувачите, но и на вработените на McDonald’s, лесно да ги распознаваат различните нарачки со цел да не дојде до замена и помешување.

„Постои одредена убавина во едноставноста на иконичните производи од менито на McDonald’s. Ние се стремевме да ги откриема најспецијалните, прпознатливи и иконични изрази за секој од нив – славејќи ги на начин кој ќе стави насмевка на лицата на луѓето,“ истакнува Мет Сија, креативен директор на агенцијата Pearlfisher.

Pearlfisher ни помогна да се осигураме дека овој редизајн го модернизира нашиот бренд, акцентирајќи ја специјалноста на нашето мени и ја задоволува нашата посветеност на квалитетот,“ додава Барбара Јелинг, постар стратегиски директор за глобалното мени на McDonald’s.

 
 
www.inovativnost.mk