Фото на насловна - Охрид, 1982 година

 Време е за нова фотографија од минатото на Охрид, која деновиве ќе ја краси нашата насловна страна. 

Секоја фотографија од минатото, предизвикува убави чувства, предизвикува извесна носталгија, но и радост кај оние што биле дел од тоа убаво и неповторливо време.

Нашиот избор овој пат е фотографијата која за јавноста ја постираше охриѓанецот Ѓоко Зороски,  а на која е претставен пресек на бул. „Македонски просветители“ со ул. „Партизанска“, а десно е старата зграда од поштата. Фотографијата е направена во 1982 година. 

Постарите охриѓани, но и голем дел од младите, речиси се едногласни дека Охрид поубаво изгледал во минатото, барем до пред 20-ина години, затоа што не бил изграден со масивни градби кои узурпираат голем простор, како што е денес, имало многу повеќе природа, дрвја, зеленило, и тогаш градот навистина можел да "дише". Се согласувате, нели?