Фото на насловна - Охрид, 70-те години на минатиот век

  Време е за нова насловна фотографија, која ќе не потсети на едно убаво, минато време на Охрид. 

 Фотографијата во фејсбук групата "Охрид, слики од минатото" ја постави Милчо Георгиевски, каде  го даде следниот опис: 

Улицата "7-ми Ноември" на нејзиниот почеток, од плоштадот кај Чинарот до "Туристичка". Во втората куќа од лево, во чие приземје денес се наоѓа "Бако", живееа терзијата Коце Игнатовски со сопругата Весе и во истото тоа приземје (денес и не е баш клсично приземје, подигнато е на неколку степеници), тетка Весе продаваше петлици, сакретни, конци, патенти, ластици, кордони и гајтани и разно-разни ситнурии, а во задниот дел беше терзиската работилница на Коце. Фотографијате е веројатно некаде од 70-тите години на минатиот век.