Фото на насловна - вадење вода со долап, почеток на 20 век

 Фотографијата која ќе ја краси нашата насловна страна следниве денови, е уште едно уникатно парче од историјата на Охрид.

Погледнете како луѓето ваделе вода со долап, во раните  години на минатиот век. Годината на создавање на оваа фотографија не е прецизирана, но како што истакна нашиот сограѓанин Милчо Георгиевски, во фејсбук групата "Охрид, слики од минатото", веројатно е збор за 20-те или 30-те години на минатиот век. 

Местото каде е создадена фотографијата, на старите охриѓани им е познато како М`зија.