Се пролонгира рокот за поднесување ДДВ пријава

Со воведувањето на нов образец ДДВ 04 согласно измените и дополнувањата на Закон за данокот на додадена вредност (Службен весник на РСМ, бр. 267/20), увидено е отежнато поднесување на образецот ДДВ-04, соопшти Управата за јавни приходи.

Ова следува откако регираа сметководителите во земјава.

„Се известуваат даночните обврзници и сметководителите дека рокот за поднесување на образецот ДДВ-04 за даночниот период од 01.10.2020-31.12.2020 и 01.12.2020 -31.12.2020 се продолжува за 4 дена, односно за краен рок за поднесување ќе се смета  29 јануари 2021“, се вели во соопштението од УЈП.


Извор: www.inovativnost.mk