Почина Бранка Станковска, доајен на македонското спикерство

 Денеска во Скопје, на 90 годишна возраст, почина доајенот на македонското спикерство Бранка Станковска.

 Целиот работен век (1948-1987) го поминала во Македонската радиотелевизија.  Нејзината најава на првиот телелевизиски пренос од Црн Врв на 5 јуни 1964 г. е почеток на програмата на ТВ Скопје
, емитувана преку сопствената телевизиска мрежа.

 Неколку месеци подоцна (на 14 декември) Станковска ги читаше вестите на првиот телевизиски „Весник“, што го означи почетокот на емитувањето на редовната програма на Македонската телевизија. Беше една од најпознатите спикерки и водителки на малиот екран. 


Нејзиниот глас се уште се слуша на радио програмите, особено неповторливиот џингл за точно време, ТОЧНО Е 12:00 часот.