Пронајдена една од најстарите планети до сега!

 Кон крајот на минатата (2020) година, од страна на астрономите на НАСА беше откриена нова планета, во близина на една од најстарите sвезди во галаксијата.

 Планетата, наречена „супер Земја“ именувана и како TOI-561b е приближно 50% поголема од Земјата и мошне брзо кружи околу својата ѕвезда, односно за еден Земјин ден, прави две револуции.
 
 И покрај тоа што планетата има маса скоро три пати поголема од Земјата, нејзината густина е приближно иста – факт што ги изненади научниците кога ја открија. Имено, ова е во согласност со идејата дека планетата е исклучително „стара“. Колку е постара планетата, толку е помала густината. Тоа е затоа што тешките елементи обично се добиваат со реакции на фузија кога се формира sвездата, но како што одминува времето и се распаѓаат sвездите, овие елементи се губат во универзумот.


 
 TOI-561b е една од најстарите карпести планети што се откриени досега. Нејзиното постоење покажува дека универзумот формира карпести планети скоро од своето основање пред околу 14 милијарди години. Освен што планетата е екстремно стара, таа е и екстремно жешка. Нејзината просечна температура на површината е над 1700 степени Целзиусови. Таа е приближно една третина жешка, како површината на Сонцето, чија температура изнесува 5500 степени Целзиусови.
 
 

Исто така, оваа мистериозна планета научниците ја нарекуваат галактички дебел диск, кој има изразито различен хемиски состав, кој вклучува помалку железо и магнезиум – елементи поврзани со формирање планети. Астрономите во моментов се обидуваат да ја разберат врската помеѓу масата на планетата и нејзиниот радиус, бидејќи тоа би можело да им помогне на научниците да ги разберат условите на другите планети кои во моментов се премногу далечни за да бидат соодветно проучени. Иако оваа одредена планета е мала веројатноста да биде населена денес, таа може да биде предвесник на многу карпести планети (светови) кои сè уште не се откриени околу најстарите sвезди на нашата галаксија.
 
Користена литература: www.msn.com/en-xl/news/world/a-scorchingly-hot-thick-super-earth-discovered-by-scientists/ar-BB1cIghZ?ocid=msedgntp
 
Автор: Бојана Алексова, дипломиран географ
Извор: www.igeografija.mk