Вчера и денес интензивно се расчистуваше снегот од јавните површини

 Екипите на ЈП “Охридски Комуналец” во текот измината вечер презедоа интензивни активност за расчистување на снегот од коловозите, тротоарите, пешачките патеки, чаршијата и останатите јавни површини во градот.

Со цел да се обезбеди поголема безбедност на пешаците и учесниците во сообраќајот, беше ставена на располагање целокупната механизација, како и моторните чистачи за снег со дувалка, кои Oпштина Охрид ги набави минатата година.

Теренските активности за чистење на снегот продолжија и денес.

 

 

Извор: www.ohrid.gov.mk