101 година од раѓањето на Славко Јаневски

 Роден е во Скопје на 11 јануари 1920 година во печалбарско-занаетчиско семејство. Завршил стручно техничко училиште.

 Во текот на своето работење, Славко Јаневски бил главен уредник на детските списанија: ,,Пионер“ и ,,Титовче”, потоа на хумористичкиот весник ,,Остен“, на литературните снисанија ,,Нов ден”, ,,Современост“ и ,,Хоризонт”. Бил уредник во повеќе книгоиздателства. Ја извршувал функцијата главен уредник во Книгоиздателството ,,Македонска книга“, а бил член и на Советот на Федерацијата, претседател на Секцијата за самоуправни односи во културата при ССРН, претседател на ,,Рациновите средби“.

Спаѓа во редот на врвните македонски и југословенски писатели, со мошне богата и висококвалитетна литературна продукција. Автор е на романите: ,,Село зад седумте јасени“, ,,Две Марии”, ,,Месечар“, ,,И бол и бес”, ,,Стебла“ и ,,Тврдоглави”, на повеста ,,Улица”, на патеписната книга од Африка и Азија ,,Горчливи легенди“, на поетските творби: ,,Песни”, ,,Лирика“, „Егејска барутна бајка“, ,,Евангелие по Итар Пејо” и ,,Каинавелија“, на повеќе книги литература за деца и на сценарија за играни и кусометражни филмови, на збирките раскази: ,,Кловнови и луѓе”, ,,Омарнини” и ,,Ковчег “.

Добитник е на наградите за литература: АВНОЈ, ,,11 Октомври“ (двапати), ,,Младо поколение” (за најдобра југословенска книга за најмладите во годината), ,,Курирче“ – награда на СР Словенија – Марибор, награда на ,,3маевите детски игри“ – Нови Сад, двапати награда ,,3латна арена” на Филмскиот фестивал во Пула – за сценаријата на филмовите ,,Волча ноќ“ и ,,Македонскиот дел од пеколот”, Награда на филмскиге работници на Германската Демократска Реиублика – за сценариото и режијата на филмот ,,Катастрофа, страдања, надежи“.

Одликуван е со ордените: Братство и единство со златна ѕвезда, Заслуги за народ со златна ѕвезда.

Литературните дела му се објавени во осум томови – на македонски и на српскохрватски јазик. Преведуван е на јазиците на југословенските народи и народности и на странските јазици: англиски, германски, италијански, француски, чешки, украински, унгарски и др.

За редовен член на Македонската академија на науките и уметностите е избран на 18 август 1967 година.

Починал на 20 јануари 2000 година.

 

Извор: www.makedonskapoezija.mk