Првото новороденче во Новата година во Охрид е машко бебе

Здраво машко дете е првото новороденче во Новата 2021 Година во Охрид.

 Бебенцето на Свет, дојде рано утрото на 01.01.2021 во 4.30 минути, и е второ дете во семејството Илоски.
Ако машкото дете симболизира цврстина и бериќет, се очекува годинава што е пред нас да биде поздрава и побериќетна од минатата.- напиша на својот фејсбук профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, кој со скромни подароци ги посети мајката и новороденчето.